2:1-11
| 1. | Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. |
| 2. | И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. |
| 3. | И им се јавија разделени јазици, како огнени, и застанаа по еден над секого од нив. |
| 4. | И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. |
| 5. | А во Ерусалим имаше Јудејци, луѓе побожни, од секаков јазик под небото. |
| 6. | Кога се чу тој шум, се собра многу народ и сe се збрка, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот јазик. |
| 7. | И сите се чудеа и маеја, велејќи си помеѓу себе: „Овие што зборуваат, зар не се Галилејци? |
| 8. | Па како тоа сите да си го слушаме својот роден јазик? |
| 9. | Ние – Партјаните и Мидјаните, Еламитите и жителите на Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и од Азија, |
| 10. | од Фригија и Памфилија, од Египет и од краиштата на Ливија, соседите на Киринија, па и дојдените Римјани. Како ние Јудејците, така исто и новообратените, |
| 11. | Критјаните и Арабјаните, еве слушаме како тие зборуваат за големите дела Божји на нашите јазици?” |