Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

16:13-19

13. И кога дојде Исус во земјата на Ќесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „За кого Ме мислат луѓето – Мене, Синот Човечки?”
14. Тие одговорија: „Едни за Јована Крстител, други за Илија, а некои за Јеремија или за еден од пророците.”
15. А Он им рече: „А вие, за кого Ме мислите?”
16. Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.”
17. Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец, Кој е на небесата.
18. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
19. И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.”