Свето евангелие според светиот апостол Јован
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Јован

Календар, житија, пости
Почеток
 

19:6-11;19:13-20;19:25-28;19:30-35

6. А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!” Пилат им рече: „Земете го вие и распнете Го, оти јас не наоѓам во Него вина.”
7. Јудејците му одговорија: „Ние имаме Закон и според нашиот Закон Он треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.”
8. Кога го чу Пилат овој збор, повеќе се уплаши.
9. И пак влезе во преторијата и Му рече на Исуса: „Од каде си Ти?” Но Исус не му даде одговор.
10. Пилат му рече: „Мене ли не ми одговараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуштам.”
11. Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној, што Ме предаде на тебе.”
13. Штом го чу тој збор, Пилат Го изведе Исуса надвор и седна на судискиот стол, на местото, што се вика Литостротон, а по еврејски Гавата.
14. Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”
15. Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!” Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?” Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен ќесарот.”
16. И тогаш им Го предаде, за да биде распнат. И Го зедоа Исуса, и Го поведоа.
17. И носејќи го Својот крст, Он излезе на местото, што се вика Лобно, а по еврејски Голгота;
18. таму Го распнаа, а со Него други двајца, од едната и од другата страна, а на среде Исуса.
19. Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус Назареецот, Цар Јудејски.”
20. Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински.
25. При крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина.
26. А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ? рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!”
27. Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!” И од тој час ученикот ја зеде при себе.
28. По ова, знаејќи Исус дека е сe свршено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.”
30. А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!” И кога ја наведна главата, го предаде духот.
31. Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, оти во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилата да им ги прекршат колената и да ги симнат.
32. Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него.
33. А кога дојдоа до Исуса и Го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекршија колената;
34. но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода.
35. И кој виде – посведочи, и сведоштвото му е вистинско; и знае дека кажува вистина, за да поверувате вие.