2:1-12
1. | А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирода, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа: |
2. | Каде е новородениот Цар Јудејски? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме. |
3. | Штом го чу тоа, цар Ирод се уплаши и целиот Ерусалим со него. |
4. | И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: „Каде треба да се роди Христос?” |
5. | А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот: |
6. | И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; оти од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе мојот Мојот народ – Израилот.” |
7. | Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и дозна од нив точно за времето, кога се појавила ѕвездата, |
8. | па, испраќајќи ги во Витлеем, рече: „Отидете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да отидам и јас да Му се поклонам.” |
9. | Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото, каде што беше Младенецот. |
10. | А кога ја видоа ѕвездата, тие се зарадуваа со многу голема радост. |
11. | И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна. |
12. | И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја. |