Послание на светиот апостол Павле до Римјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Римјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

2:10-16

10. Слава и чест и мир на секого, што прави добро, прво на Јудеец, а потоа и на Елин;
11. зашто Бог не гледа на лице.
12. Оние, што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние, што згрешиле при Закон, според Законот ќе бидат и судени,
13. бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот;
14. зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сe по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;
15. поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат
16. во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето.