6:8-15;7:1-5;7:47-60
| 8. | А Стефан, исполнет со вера и сила, вршеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето. |
| 9. | Тогаш станаа некои од синагогата, наречена синагога на Либертинците, и од синагогата на Киринејците и од Александријците, како и оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефана; |
| 10. | но не можеа да му се спротивставуваат на мудроста и Духот, со Кого тој зборуваше. |
| 11. | Затоа подучија некои луѓе да речат: „Го чувме да хули на Мојсеја и на Бога.” |
| 12. | И го побунија народот, старешините и книжниците и, откако го нападнаа, го фатија и го одведоа во Синедрионот. |
| 13. | И претставија лажни сведоци, кои рекоа: „Овој човек не престанува да хули на ова свето место и на Законот, |
| 14. | оти го чувме како зборува: »Овој Исус Назареец ќе го разруши ова место и ќе ги измени обичаите, што ни ги предаде Мојсеј.«“ |
| 15. | И сите што беа во Синедрионот, се вгледаа во него и видоа дека лицето негово му беше како лице на ангел. |
| 1. | Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?” |
| 2. | А тој одговори: „Луѓе, браќа и оци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраама, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан, |
| 3. | и му рече: »Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татка ти, па дојди во земјата, што ќе ти ја покажам.« |
| 4. | Тогаш тој излезе од земјата Халдејска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресели во оваа земја, каде што живеете вие сега. |
| 5. | И во неа не му даде наследство ни стапка, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во држење, додека уште немаше пород. |
| 47. | А Соломон Му изгради дом. |
| 48. | Но Севишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот: |
| 49. | »Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка? |
| 50. | Не го направи ли сето тоа Мојата рака? |
| 51. | Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.« |
| 52. | Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? Тие ги убија оние, што го предвестија доаѓањето на Праведникот, чии предавници и убијци станавте сега и вие, |
| 53. | вие, што го примивте Законот преку ангелите, а не го одржавте.” |
| 54. | Кога го слушаа ова, срцата им се кинеа од јад и со забите крцкаа против него. |
| 55. | А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исуса како стои од десната страна на Бога, |
| 56. | и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.” |
| 57. | Но, тие, откако извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него. |
| 58. | И, кога го изведоа надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле; |
| 59. | и фрлаа камења врз Стефана, кој се молеше и велеше: „Господи Исусе, прими го духот мој!” |
| 60. | А штом падна на колена, извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!” И како го рече тоа, тој почина. |