2:8-12
8. | Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа; |
9. | оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството, |
10. | и вие да имате полнота во Него, Кој е глава на секое началство и власт; |
11. | во Него сте и обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово; |
12. | откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите. |