1:1-25;1:57-68;1:76-80
1. | Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, |
2. | како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото, |
3. | намислив и јас, откако испитав сe од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, |
4. | за да ја разбереш основата на учењето, на кое си се учел |
5. | Во деновите на Ирода, царот Јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета. |
6. | И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка. |
7. | Тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе стари. |
8. | Еднаш, кога тој служеше пред Бога по својот ред, |
9. | според обичајот на свештениците, нему му се падна ждреб да влезе во храмот Господов и да покади. |
10. | А целиот народ се молеше однадвор, за време на кадењето. |
11. | Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. |
12. | Захарија се уплаши кога го виде, и страв го опфати. |
13. | Но ангелот му рече: „Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. |
14. | И ќе бидеш радосен и весел, и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање. |
15. | Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ни сикер, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; |
16. | и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; |
17. | и тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните – кон разумот на праведните, па да Му приготви на Господа народ совршен.” |
18. | И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе доста возрасна.” |
19. | Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гавриил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радост; |
20. | и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден, кога ќе се исполни тоа, оти не поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.” |
21. | Народот го чекаше Захарија и се чудеше што се забави во храмот. |
22. | А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и разбраа дека имал видение во храмот; тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем. |
23. | И штом изминаа деновите на неговата служба, тој се врати дома. |
24. | По тие дни зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи: |
25. | Така ми направи Господ во деновите, во кои ме погледа, за да го отстрани укорот меѓу луѓето. |
57. | А на Елисавета ? дојде времето да роди, и таа роди син. |
58. | И чуја оние, што живееја околу, и роднините нејзини, дека ја увеличил Господ Својата милост над неа, и се радуваа со неа. |
59. | На осмиот ден дојдоа да го обрежат младенецот, и сакаа да му го дадат името на татка му Захарија. |
60. | Но мајка му одговори и рече: „Не, туку да се нарече Јован!” |
61. | И рекоа нејзе: „Никој нема во твојот род, кој се вика со такво име.” |
62. | И го прашаа со знаци татка му, како би сакал да го наречат. |
63. | Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.” И сите се зачудија. |
64. | И веднаш му се одврзаа устата и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога. |
65. | И се уплашија сите што живееја околу; и прикажуваа за сето тоа по целиот крај Јудејски. |
66. | Сите, што чуја, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?” И раката Господова беше со него. |
67. | А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи: |
68. | Благословен е Господ, Бог Израилев, оти го посети и избави народот Свој; |
76. | А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, оти ќе одиш пред лицето на Господа за да Му ги приготвиш патиштата Негови; |
77. | и да го вразумиш народот Негов за спасение, преку проштавање на гревовите нивни, |
78. | заради големата милост на нашиот Бог, со која нe посети Исток од висините, |
79. | за да ги просвети оние, што седат во темнина и сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.” |
80. | А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустина до денот, кога им се јави на Израелците. |