4:22-30
22. | И сите Му посведочија, и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова, и велеа: „Не е ли Овој синот на Јосифа?” |
23. | А Он им рече: „Секој од вас сигурно ќе Ми приговори: »Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она, што чувме дека се случило во Капернаум.«“ |
24. | Па им рече: „Вистина ви велам: ниеден пророк не е мил во земјата своја. |
25. | Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израилот, во деновите на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја; |
26. | и при ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај вдовицата во Сарепта Сидонска; |
27. | и мнозина беа лепрозни во Израилот, при пророкот Елисеј, и ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.” |
28. | А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев; |
29. | па како станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора. |
30. | Но Он си помина меѓу нив и си отиде. |