13:11-14;14:1-4
11. | Па, знаејќи го ова време дека дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме. |
12. | Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината. |
13. | Да одиме чесно како дење – не во срамни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирка и завист; |
14. | туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа, и грижата за телото не претворувајте ја во похоти. |
1. | Слабиот во вера примајте го без расправии за мислењата, |
2. | оти некој верува дека може да јаде сe, а немошниот јаде зелје. |
3. | Кој јаде, нека не го укорува оној, што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној, што јаде, бидејќи Бог го примил. |
4. | Кој си ти што му судиш на туѓ слуга? Пред својот господар тој стои или паѓа. Но ќе биде исправен, зашто Бог е моќен да го исправи. |