2:1-10
1. | Чедо мое, потсилувај се во благодатта, што ти е дадена од Христа Исуса, |
2. | и сe, што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе, ки се способни и други да научат. |
3. | Па така, поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа. |
4. | Оти ниеден војник не се вплетува во светски работи, за да му угоди на својот началник. |
5. | А ако, пак, некој војува, сепак венец не добива, бидејќи не се борел според правилата. |
6. | Земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот. |
7. | Разбери што ти зборувам; а Господ нека ти даде разум во сe! |
8. | Помни Го Господа Исуса Христа од родот Давидов, Кој воскресна од мртвите, онака како што ви проповедав, |
9. | поради кое страдам, дури до окови, како злочинец. Но словото Божјо не се врзува. |
10. | Затоа сe трпам заради избраните, та и тие да добијат спасение во Христа Исуса со вечна слава. |