Послание на светиот апостол Павле до Евреите
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Календар, житија, пости
Почеток
 

2:2-10

2. Оти, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна отплата,
3. како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение, кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него,
4. кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса, со разни сили и со раздавање дарови на Светиот Дух по Своја волја.
5. Зашто Бог не на ангелите им ја покори идната вселена, за која што зборуваме,
6. туку, напротив – некој зборувајќи негде посведочи: „Што е човекот, та го помниш, или Син Човечки, та да го посетуваш?
7. Си го понизил нешто малку подолу од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;
8. сe си покорил под нозете негови.” А кога сe му покори, ништо не му остави непокорено; но сега уште не гледаме дека му е сe покорено.
9. А гледаме дека Исус Христос, Кој беше нешто малку понизен од ангелите, поради претрпената смрт се увенча со слава и чест, та, по Божјата благодат, да вкуси смрт за сите.
10. Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сe и од Кого е сe, откако многу синови прослави, преку страдања да го усоврши Началникот на нивното спасение.