5:10-20
| 10. | Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците, што зборуваа во името Господово. | 
| 11. | Ете, блажени се оние што претрпеа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него. | 
| 12. | А пред сe, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга клетва, и зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете на суд! | 
| 13. | А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека го фали Господа! | 
| 14. | Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. | 
| 15. | И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат. | 
| 16. | Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да се исцелите: голема сила има усрдната молитва на праведникот. | 
| 17. | Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд: и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. | 
| 18. | И пак се помоли: и небото даде дожд, и земјата го даде својот плод. | 
| 19. | Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и друг го поврати, | 
| 20. | тој, нека знае, дека оној што обрати грешник од лажливиот пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови. |