7:26-28;8:1-2
26. | Таков Првосвештеник и ни требаше: свет, незлобив, непорочен, одвоен од грешниците и повисок од небесата, |
27. | Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Он го изврши тоа еднаш за секогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва. |
28. | Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе, што се немоќни; а словото на клетвата што е по Законот – Синот, Кој е вечно совршен. |
1. | А ова што го зборуваме, го зборуваме, главно, дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата, |
2. | и е служител на Светилиштето и на вистинската Скинија, која што ја воздигна Господ, а не човек. |