10:32-36
32. | И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен. |
33. | А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен. |
34. | Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. |
35. | Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. |
36. | И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни. |