9:33-41
33. | И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што размислувавте меѓу себе патем?” |
34. | Тие молчеа, зашто патем се препираа помеѓу себе, кој е поголем. |
35. | Па, како седна, ги повика дванаесетте и им рече: „Која сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите – слуга!” |
36. | И кога зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече: |
37. | Кој прими едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној, Кој Ме пратил. |
38. | Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој во Твое име изгонува бесови, а не врви по нас; и му забранивме, оти не оди по нас.” |
39. | А Исус рече: „Не бранете му, зашто никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене. |
40. | Зашто, кој не е против вас, тој е со вас. |
41. | И кој ве напои со чаша вода во Мое име, дека сте Христови, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда. |