Послание на светиот апостол Павле до Римјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Римјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

10:1-10

1. Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога е да се спаси Израилот.
2. Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не по разумот.
3. Зашто, не познавајќи ја правдата Божја и гледајќи да ја воспостават својата правда, тие не ? се покорија на Божјата правда,
4. бидејќи свршетокот на Законот е Христос, преку Кого ќе биде оправдан секој што верува.
5. Мојсеј пишува за оправданието од Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив”.
6. А оправданието на верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се возвиси на небото?”, односно да Го симне Христа, -
7. или, „Кој ќе слезе во бездната?”, односно да Го изведе Христа од мртвите!
8. Но што вели Писмото: „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце”, односно словото на верата, што го проповедаме,
9. оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;
10. бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.