Пролог: Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј
 

 

Житие: Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е во Костурската епархија од родителите Мартин и Параскева. Работејќи со овци Јаков се збогати и со тоа предизвика завист кај својот брат, којшто го наклевети кај Турците како да нашол некое скриено богатство закопано во земја. Јаков побегна во Цариград, каде што повторно се збогати. Еднаш му беше гостин на некој турски бег. Турците јадеа месо, а Јаков постеше. Тогаш му рече оној бег: „Голема е вашата христијанска вера“. И раскажа дека неговата жена била умоболна и дека после сите лекари и лечења на крајот ја одвел кај патријархот за да ? прочита молитва. Штом патријархот ја отворил книгата за да ? чита, низ храмот светнала некоја небесна светлина. По завршувањето на молитвата жената оздравела. Кога слушна Јаков како Турчинот ја фали христијанската вера, го раздаде сиот свој имот и отиде на Света Гора, каде што се замонаши во манастирот Ивер. Се подвизуваше на Света Гора, а пострада за верата од Турците во Едрене на 1 ноември 1520 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во манастирот на Свети Анастасиј во Галачист близу Солун.

Тропар
Светлината која ти стана Патеводителка, о Јакове, оче свет преподобен, мирисот на Божјите угодници ти го долови, и красотата на славата Господова срце ти зацели. Поита на Бога да се предадеш, Кој преку тебе мноштво чудеса сотвори, за на крај предавајќи нe нас на твоите свети молитви тебе и на твоите ученици Јаков и Дионисиј венец величествен за вашето страдање ви подари. Господи, слава Ти.