Пролог: Светиот свештеномаченик Методиј, епископ Патарски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Методиј, епископ Патарски

Календар, житија, пости
Почеток
 
На подвиг се посвети уште од младоста и како град на врв планина го видоа и го повикаа за епископ во градот Патара Ликиска. Учен и благоглаголлив архиереј, пишуваше против ереста на Ориген. Неговите „боговдахновени зборови како молња заблеснаа во светот“. Се кренаа на него незнабожците, го мачеа и го заклаа во Халкида Сириска, во 311 година.

Тропар
Двоен венец Небесата ти исплете, блажен Методие, кој стигна да се храниш со десетте добродетели, и смирен исповедник на вистината, кој прелеста Оригенова со благодатта Христова во прав ја развеа. Радувај се, мачениче, радувај се, философе, и за нас непрестајно моли се.