Житие: Спомен на чудотворното избавување на Москва од Литванците со помош на Пресвета Богородица
Во времето на кнезот Василиј Јованович Литванците ја беа зазеле Москва и Русите паднаа во големо очајание. Тогаш Св. Сергеј Радоњежски му се јави на некој заробен епископ Арсениј и му вети дека Москва ќе биде очистена од Литванците со силата и молитвата на Пресвета Богородица. И навистина, утредента Литванците побегнаа од градот, а руската војска влезе во Москва. И сиот народ со радосни солзи ги прослави Бога и Пресвета Богородица.