Житие: Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски
Многумина мислат дека по потекло бил Словен. Блажениот Јероним го истакнува како маж учен и благочестив. Знаеше подобро грчки одошто латински. Напиша толкувања на неколку книги на Стариот и Новиот Завет. Пострада за верата Христова околу 303 година.