Пролог: Светите маченици Павле и Јулијана
 

 

Житие: Светите маченици Павле и Јулијана

Календар, житија, пости
Почеток
 
Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година.

Тропар
Кој освен небесата може да ја искаже силата Господова, подарена на вас, свети маченици Павле и Јулијано, кои на Бога Му угодивте, верата ја сочувавте, Него Го исповедавте, во сите денови на вашиот живот. Одмор сега имајќи од вашето мачеништво, за нас молете се од вишниот Ерусалим, Господ да се смилува над нашите души.