Житие: Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија
Ќерка на Олшанскиот кнез. Умрела околу 1540 година, како девица на шеснаесет години. Двесте години по нејзината смрт копачи на нов гроб крај големата црква во Киевската лавра наидоа на моштите на оваа Света девица, а тие беа сосема цели и нетлени, како штотуку да заспала. Од моштите се јавија многубројни чуда, но и самата Јулијанија повеќепати им се јави на некои. Едно такво видение имаше и прочуениот Петар Могила.
Тропар
Благодатта Христова со сочува телото твое, кое ти ЈУлијано девственичке, го припреми храм да биде за Бесмртниот. Срцето очистувајќи го, Небесниот Цар те поведе кон вечноста, оставајќи ни го нам сведоштвото за неминливоста, и твоите молитви свети за нас пред Него да се застапуваат.