Пролог: Свети Нифонт, патријарх Цариградски
 

 

Житие: Свети Нифонт, патријарх Цариградски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Грција. Во младоста стана монах и се подвизуваше најпрво надвор од Света Гора, а потоа на Света Гора, по разни манастири, задржувајќи се најдолго во Дионисијат. Сите светогорци необично го љубеа заради неговата ретка мудрост и извонредна кротост. Без негова волја стана епископ Солунски. Но по две години отиде по работа во Цариград и таму го избраа на испразнетиот патријаршиски престол. Султанот го протера во Едрене, каде што живееше во прогонство. Влашкиот кнез Рдаул го измоли од султанот и го постави за архиепископ Влашки. Заради еден престап на Радул, Нифонт ја напушти Влашка и отиде на Света Гора, во обителта на Дионисијат, каде што се подвизуваше до својата деведесетта година, кога се пресели во Царството Божјо, во 1460 година. Тој е составувач на разрешителната молитва што се чита на погреб.

Тропар
Поучувајќи се од Христа Кој се смири, земајќи обличје на слуга, ти Нифонте, свети пастиру, на сите им помогна, мерка земајќи од бесловесните животни. Награда благодатна со нас сподели, богоносен оче, оставајќи ни писмо отпусно, до Владиката испратено. Спомнувајќи си за тоа, чест и поклонение, денес, воздаваме на твојот свет спомен, а Бога Го славиме во вечни векови.