Житие: Почеток на црковната година
Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 - 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ? уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.
Тропар
Создателу на сите твари, Кој времињата и годините во Своја власт ги положи, благослови го венецот на годината на Твојата добрина, Господи, запазувајќи го благоверниот народ во мир, и градот Твој, по молитвите на Богородица, и спаси н?.
Кондак
Христе Цару, Кој живееш во висините; Создателу и Градителу на с? видливо и невидливо, Кој си ги создал деновите и ноќите, времињата и годините, благослови го и сега венецот на годинава, сочувај го и запази го во мир православниот народ наш, градот (селото) и луѓето Твои, Многумилостиве.