Пролог: Свети Јован, митрополит Евхаитски
 

 

Житие: Свети Јован, митрополит Евхаитски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Наречен Маврон. Многу образуван, но воедно и духовен маж. Дури на старост, при царот Алексиј Комнен стана митрополит Евхаитски. Прославен особено со тоа што му се јавија Св. Василиј, Св. Григориј Богослов и Св. Јован Златоуст и му објаснија дека тие тројцата сите имаат еднаква слава на небото. По тоа видение стивна препирката кај народот за тоа кој од овие тројца светители е поголем, а кој помал. Свети Јован го состави и познатиот Канон кон Преслаткиот Исус и Канонот кон Ангелот-пазител, а освен ова остави и други корисни списи.