Пролог: Преподобен Роман Слаткопоец
 

 

Житие: Преподобен Роман Слаткопоец

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од сирискиот град Емес. Служеше како еклисијарх најпрво во Бејрут, а потоа во соборната црква во Цариград, во времето на патријархот Ефтимиј (490 г. – 504 г.). Беше неписмен и невешт во пеењето, заради што некои клирици му се потсмеваа. Свети Роман плачејќи ? се молеше на Пресвета Богородица и Таа му се јави во сон, му пружи некој голем свиок хартија и му рече да го проголта. Утредента осамна Божик и Роман излезе на амвонот и со ангелски глас испеа „Дјева днес...“ Сите беа восхитени од содржината на песната и од гласот на певецот. Откако го прими од Пресвета Богородица поетскиот дар, Роман испеа над илјада кондаци. Како ѓакон на големата црква се упокои во 510 година во Цариград и се пресели меѓу ангелските хорови.

Тропар
Блажен си ти, Романе Божји угодниче, бидејќи Онаа Која Предвечниот Го роди, утробата твоја ја направи дом на Духот Свети, земјата денес чест ти воздава, а ангелите небесни славословат за службата твоја кон Господа. Радувај се ти од кого Духот многу пофалби изнедри, радувај се и за нас моли се ти кој величанија кон Небесата воскликна.