Пролог: Светиот апостол Кодрат
 

 

Житие: Светиот апостол Кодрат

Календар, житија, пости
Почеток
 
Еден од Седумдесеттемина. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп најнапред во Атина после Св. Публиј, а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а Светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги низложи скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабожците го замразија Свети Кодрат, та по ова го фрлија во затвор и не му даваа леб с ? додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130 година. Погребан е во Магнезија, градот во којшто го заврши животот маченички.

Тропар
Светлината Христова преку тебе, о Апостоле Кодрате, го посрами мудрувањето елинско, но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по телото. Темнината незнаејќи дека словото е храна за верниот во Христа, сама ја раздра својата наметка, и затоа спасението по твоите молитви за нас е верно во Господа. Слава Тебе, Боже, за Твоето долготрпение.