Пролог: Светиот маченик Понтиј
 

 

Житие: Светиот маченик Понтиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Сенатор, син на сенаторот Марко и неговата жена Јулија. Јулија беше бездетна и зачна дури после дваесет и две години брачен живот, кога го роди Понтиј. Крстен од папата Понтијан заедно со својот другар Валериј (писателот на неговото житие), тој успеа да го приведе во верата својот татко Марко и царот Филип со синот и мнозина други угледни римјани. Како сенатор многу ја штитеше и ја помагаше Црквата и му беше голем пријател на папата Фавиј. Кога настана Декиевото гонење, Понтиј побегна од Рим и се сокри под Алпските Планини. Но во времето на Валеријан и Галиен беше фатен и подложен на страшни маки, при што се пројавија многубројни Божји чуда и мнозина се обратија кон Христа. Овде се најдоа и голем број Чивути што му викаа на судијата: „Убиј го, убиј го тој маѓепсник!“ На тоа Свети Понтиј ги воздигна рацете кон небото и рече: „Ти, благодарам, Боже мој, што и Чивутите викаат против мене како и некогаш нивните татковци против Христа: распни го, распни!“ Го убија со меч во 257 година и го погребаа до неговиот пријател Валериј.

Тропар
Крстот свој носејќи го, свет мачениче, по Господа одеше, минувајќи низ магли и темнини, но светлината Христова која го осветлува секој човек, пред тебе иташе давајќи сила на твоето исповедание, о Понтие, чие страдање денес го величаме и на твоите молитви пред Господа се повикуваме во нашето кон вечноста восходење.