Пролог: Светите десет маченици на Крит
 

 

Житие: Светите десет маченици на Крит

Календар, житија, пости
Почеток
 
Пострадаа за Господ Христос во времето на Декиевото гонење во 250 година. Нивните имиња се: Теодул, Сатурнин, Евпор, Геласиј, Евникијан, Зотик, Помпиј, Авгатопус, Василил и Еварест. Сите беа угледни и чесни граѓани, најдобри меѓу најдобрите. Кога ги изведоа на губилиштето, тие беа многу радосни и се препираа кој од нив ќе биде убиен прв, зашто секој сакаше прв да појде кај Христа Кого што тие Го љубеа. Потоа се помолија: „Прости им, Господи, на слугите Твои и прими ја пролеаната крв наша за нас, за нашите роднини и пријатели и за целата татковина, за да се ослободат сите од темнината на незнаењето и да Те познаат Тебе, вистинската светлина, о вечен Цару!“

Тропар
Ревноста ваша од последни – први ве доведе до слободата, о маченици свети, кои верата за патеводителка кон Христа ја имавте. Радувајте се во небесните градини и за нас молете се достојнославни воини, кои во малку верни – вечноста ја добивте.