Пролог: Светиот свештеномаченик Силуан, епископ Гаски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Силуан, епископ Гаски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Најнапред беше во војничка служба, но подоцна, гонет од силата на својата вера, премина на духовната. Обвинет дека ги обраќа незнабожците во христијанската вера, најпрво беше луто мачен, а потоа заклан со четириесетмина други војници. Станаа небесни граѓани во 311 година.

Тропар
Камчето за сопнување не можеше да го сопре големиот бран на благодатта, о Силуане епископе, со која ти народот го приведе кон Христа Бога. Мачеништвото го запечати добриот подвиг твој и те направи жител на рајот, каде Господ те пресели заедно со паства од четириесет војници, за да слушате непрестајно: Алилуја.