Пролог: Преподобните Дамјан, Еремија и Матеј
 

 

Житие: Преподобните Дамјан, Еремија и Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Печерски проѕорливци и чудотворци од 9 век.

Тропар
Благодат Господова се изли на тебе и бесребреник те направи на милост Негова, Дамјане оче преподобен, а ти сон не даде на очите твои и утеха не допушти на телото подвижничко. Затоа моли се и сега на Господа, Кој ги услишува молитвите твои за паднатите и утеха дава заради тебе на ожалостените.

Кондак
Цврста тврдино на ревноста монашка, молитвениче кој секого во послушание го утврдуваше, прозорливче благодатен кој пастирска утеха на паднатиот заради Христа подаваше, Еремие оче преподобен. Дните на земниот живот ти ги умножи Оној Кој Е пастир од денот и сега ги прима молитвите твои за нас паднатите, заради слободата која пред Него благодатта ти ја донесе. *** Матее, смирен Христов послушниче, душа и срце на Бога принесе, а Он врата ти отвори во небесни висини, од каде паднатост човечка и замка демонска видоа очите твои незатворени. Затоа милост добиваме и денес ние го чествуваме светиот спомен твој и Бога Го прославуваме по твоите свети молитви.