Пролог: Преподобниот маченик Кипријан Нови
 

 

Житие: Преподобниот маченик Кипријан Нови

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е во селото Клицос во Епир. После смртта на неговите добри родители отиде на Света Гора, се замонаши и се предаде на подвиг во една келија близу манастирот Кутлумуш. Си наложуваше труд на труд и подвиг на подвиг, дури не стана прочуен и почитуван по цела Света Гора. Но самиот не беше задоволен со себе. Го мачеше помислата дека не може да се спаси поинаку, освен преку мачеништво за Христа. Ја остави значи Света Гора, отиде во Солун, излезе пред солунскиот паша и го повика да ја отфрли лажната мухамеданска вера и да ја прими верата Христова. Пашата нареди, та го изнатепаа и го избркаа надвор. Незадоволен од тоа мало страдање за Господ Исус, Кипријан отиде во Цариград, му напиша една хартија на великиот везир во којашто ја изложи лажноста на Мухамед и вистинитоста на Господ Христос. Везирот разлутен го испрати кај шеик-ул-исламот, а овој штом го ислуша Кипријан с ? што имаше да каже, нареди да му ја отсечат главата. Радосен над секоја мера, Кипријан одеше на губилиште како на свадба. И така пострада за Христа овој Божји човек, на 5 јули 1679 година, остварувајќи си ја својата најтопла желба.

Тропар
Те закрепна Господ да Го исповедаш Името Негово свето, и те удостои да бидеш заедничар на Неговата вечна слава, о Кипријане преподобномачениче. Светот ја виде радоста на лицето твое, поради подвигот свет, а небесата дојавија за славата на Божјиот маченик, кој сега и за наше спасение се моли.