Пролог: Свети Јован Дамаскин
 

 

Житие: Свети Јован Дамаскин

Календар, житија, пости
Почеток
 
Најнапред беше министер на калифот Абдалмелех, а потоа монах во манастирот на Св. Сава Осветен. Заради ревносно застапување на иконопочитувањето во времето на иконоборниот цар Лав Исавријанин Јован беше наклеветен од овој цар кај калифот, којшто му ја отсече десната рака. Тој припадна на молитва пред Пресвета Богородица и раката му се состави и чудесно му зарасна. Кога го виде тоа чудо калифот се покаја, но Јован повеќе не сакаше да остане кај него како големец, туку се повлече во манастир, каде што во почетокот им беше пимер на монасите во смирението, послушноста и во сите монашки подвизи. Испеа посмртни песни, го состави Октоихот, Ирмологијата, Месецословот, Пасхалниот Канон и напиша многубројни богословски дела со вдахновение и длабочина. Голем како монах, и како поет, и како богослов, и како војник на Христовата вистина, Дамаскин се вбројува во големите отци на Црквата. Се упокои мирно во 776 година, во сто и четвртата година од својот живот.

Тропар
Господовата десница богодолично се прослави во сила, о блажен Јоване, накалемувајќи те тебе на изворот на благодатта. Мајката Божја радост ти донесе, приведувајќи ја кон Христа твојата душа нажалена. Моли се за нас ти, харфо милозвучна на Божјата љубов, моли се за нас ти, солзно око на Пресветата, на хартија излеано и во срца човечки оживеано.