Пролог: Свети Артемон, епископ Селевкиски
 

 

Житие: Свети Артемон, епископ Селевкиски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден и воспитан во Селевкија. Кога Св. апостол Павле дојде во тој град го виде Артемон, уште повеќе го утврди во верата во Христа и го постави за епископ на Селевкија. Артемон управуваше со словесното стадо Христово со љубов и со ревност, беше лекар на човечките души и тела и во вечноста се пресели во длабока старост.

Тропар
Од Павле светиот апостол поставен да го пасеш духовното стадо Христово, светол Артемоне, на сите им стана спасоносно пристаниште, вдовиците и сираците ги утешуваше, сиромавите згрижуваше и името Господово го прославуваше. Моли се, свети епископе, и ние да стигнеме до мирното пристаниште каде светиите Го слават еден Бог во Пресвета Троица.