Пролог: Светите маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст
 

 

Житие: Светите маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст

Календар, житија, пости
Почеток
 
Сите пострадаа во Рим за време на Марко Аврелиј и епархот Рустик. Кога Рустик ги запраша: „Вие мислите дека ако умрете за Христа ќе примите награда на небото?“, Свети Јустин одговори: „Не мислиме, туку знаеме“. Потоа беа сите обезглавени, во 163 година, и се преселија во вечното царство на Христа Бога.

Тропар
Верата Христова ве подготви на подвиг благодатен, о Јустине, Харитоне, Харито, Евелписте, Јераксе, Пеоне и Ливеријане, и сведоштвото ваше маченичко н? умудрува катадневно: без Христа ништо не можеме. Радувајте се, храбри војници, чие патешествие внесе светлина во нашите души.