Житие: Светата маченичка Агрипина
Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, с ? дури не ? ги скрушија коските. ? се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ? ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.
Тропар
Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку и од заробеноста светска која кон тебе иташе, о јагне Христово Агрипино, света девственичке, твоите молитви да бидат темјан пред престолот Божји, за спасение на родот човечки.