Пролог: Преподобен Мемнон Чудотворец
 

 

Житие: Преподобен Мемнон Чудотворец

Календар, житија, пости
Почеток
 
Се предаде на пост и молитва од младоста. Толку го очисти своето срце што стана живеалиште на Светиот Дух. Ги исцелуваше неисцелливите болни и правеше многубројни други чуда. Се јавуваше и во морски бури и ги спасуваше бродовите од пропаст. Мирно се упокои во Господ во 2 век и се пресели во Неговите небесни дворци.

Тропар
Помислите погубни како скакулци од силен ветер беа однесени од секој кој твоето име го призива, о Мемноне Божји угодниче. Благодатта која во тебе делуваше славата Господова преку чудотворства ја прикажуваше, затоа поитај од Христа да испросиш за нас милост голема.