Пролог: Светиот свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит

Календар, житија, пости
Почеток
 
Како старец од осумдесет и четири години беше мачен за Христа за време на царувањето на Декиј. Го фрлија во оган, но по Божја Промисла беше спасен. Тогаш судијата му изрече ваква пресуда: „Кирил, изведениот од оган, праведниот суд не може да го трпи меѓу живите, затоа наредувам да се убие со меч“. Светиот Старец со радост ја подметна главата под мечот и му ја отсекоа, за вечно да живее во Царството Христово.

Тропар
Боговдахновен учителу на Христијаните, пастиру Христов кој синовите на темнината во синови на светлината незалезна ги приведе, мачениче Христов кој со оган се закити, тебе на кого Спасителот даде власт да врзуваш и разрешуваш, денес чест и молитви ти принесуваме, за спасение на нашите души.