Пролог: Светиот маченик Никола Хиоски
 

 

Житие: Светиот маченик Никола Хиоски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Побожно момче и голем ревнител за Христовата вера. Роден е во селото Киријах на островот Хиос, каде што беше мачен од Турците и го заклаа во 1754 година, кога Му ја предаде својата света душа на Бога.

Тропар
Љубовта Христова срце и душа ти освои, благодатта во подвигот маченички те закрепна, силата Господова во немоќта телесна чуда преку тебе пројавуваше, о Николае свет мачениче, а Пресветата рака ти подаде, приведувајќи те во населбите на живите. Затоа за нас моли се, ти кој од минливоста се избави и вечност Христос ти подари.