Житие: Преподобен Георгиј Иверски
Роден во Иверија (Грузија) 1014 година, како роднина на грузиските цареви. Се здоби со солидно класично образование во детството, но срцето го влечеше кон духовниот живот. Се подвизуваше кај прочуениот духовник Георгиј во гората Црна. Побегна на Света Гора и продолжи со подвигот во манастирот Ивер. Стана Иверски игумен. Со помош на царот Константин Мономах го обнови Иверскиот манастир и ја покри црквата со олово. Тој оловен покрив стои до денес. На грузиски јазик ги преведе Светото Писмо, Прологот и богослужбените книги. Царот Баграт го повика во Грузија да го учи народот. Во својата татковина беше дочекан царски. Одеше насекаде и го поучуваше клирот и народот. На старост посака да умре на Света Гора, каде што и тргна, но смртта го затекна во Цариград, 1067 година. Моштите му ги пренесоа во Ивер. Иако умре на 24 мај, Иверците го празнуваат неговиот спомен на 30 јуни и го сметаат за рамноапостолен.
Тропар
Воскликнува кон Бога денес Црквата, над Иверската обител благодат се разлева која низ цела вселена се проширува, славата Господова по молитвите твои, Георгие преподобен, човечкиот род го закрепнува, а Грузија со рамноапостолна порфира те закитува. Спомни си за нас, пастиру Христов, запазени да бидеме за Царството Небесно.