Пролог: Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани
 

 

Житие: Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани

Календар, житија, пости
Почеток
 
Браќа по тело, родум од Палестина, многу образовани во светската мудрост и во духовната. Монаси во обителта на Св. Сава Осветен, потоа и презвитери. Луто пострадаа за иконите во времето на тројцата цареви: Лав Ерменин, Михаил Валвос и Теофил. Безумниот Теофил ги тепаше со свои раце и нареди па по лицата со железо им нацртаа шегобијни стихови, заради што и ги завикаа Начертани. Ги фрлија во затвор во градот Агапија Витиниска. Овде Теодор умре во маки и во рани. Теофан го ослободија во времето на Теодор и Михаил, а патријархот Методиј го постави за митрополит Никејски. Свети Теодор се упокои во 833 година. Овие прекрасни браќа пострадаа за Христа од Кого добија според љубовта во бесмртното Царство Негово.

Тропар
Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата, светите Теодор и Теофан, денес Црквата ги возвеличува, Христос ги прославува, смирените Негови исповедници и преподобномаченици, кои за нас се молат и постојано со нас пребиваат, преку мноштвото писанија и славословија на Бога, со оние кои Него Го прославуваа во сите векови.