Пролог: Свети Полиевкт, патријарх Цариградски
 

 

Житие: Свети Полиевкт, патријарх Цариградски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Заради неговиот висок ум, набожна ревност и чесноговорливост го нарекоа втор Златоуст. Во времето на патријархот Полиевкт и царот Константин Порфирогенит во Цариград дојде и руската кнегиња Олга и таму се крсти во 957 година. Патријархот ја крсти, а царот ѝ беше кум. Свети Полиевкт пророчки ѝ рече: „Благословена си ти меѓу руските жени, зашто ја засака светлината и ја отфрли темнината, ќе те благословуваат синовите руски до последното колено“. Полиевкт беше земен за патријарх во 946 година и остана на патријаршискиот престол до смртта во 970 година.