Пролог: Преподобен Титој
 

 

Житие: Преподобен Титој

Календар, житија, пости
Почеток
 
Ученик на Свети Пахомиј и голем меѓу Мисирските подвижници. Игумен на манастирот во Тавена. Сиот живот го мина во потполна чистота. Еднаш еден брат го запраша: „Кој пат води кон смирението?“ На ова Титој му одговори: „Патот кон смирението се воздржанието, молитвата и мислата за себе како за понизок од с ? што постои.“ Достигна мошне висок степен на совршенство. Кога ги креваше рацете на молитва неговиот дух влегуваше во екстаза. Се упокои во 4 или 5 век. Заедно со него се споменува и преподобен Ивистион.

Тропар
Блажен си ти, оче преподобен Титое, кој го пронајде патот на смирението, облагодатен во подвигот на воздржание, молитва и секој да го сметаш за подобар од себе. Моли се за нас, небесен човеку и земен ангелу, да го спознаеме вечниот мир на Небесното Царство.