Пролог: Свети Стефан епископ Пермски
 

 

Житие: Свети Стефан епископ Пермски

Календар, житија, пости
Почеток
 
По потекло Русин. Од малечок предаден на молитва и богомислие. Како момче отиде во Ростов и се замонаши во манастирот на Св. Григориј Богослов. Кога дозна за Пермската земја, целата обрасната во плевелот на незнабоштвото, посака да оди како мисионер во оваа земја; веднаш се вдаде во изучување на пермскиот јазик и кога го совлада, состави азбука и ги преведе на тој јазик црковните книги. Со благослов на московскиот митрополит тој како презвитер се упати на својот апостолски подвиг и во густиот мрак на пермското незнабоштво со огромна ревност почна да го проповеда Господовото Евангелие. Откако крсти неколкумина, се потруди да изгради во Перма храм на Св. Благовештение. Кога во Перма се умножи Црквата Божја, Свети Стефан го посветија за нејзин епископ. Претрпе секаков труд, мака, злоба и пониженост, но ја разгони темнината на пермските незнабожци и ги просветли со Христовата светлина. На старост уште еднаш отиде во Москва и таму се упокои во Господ во 1396 година.

Тропар
Поддржувајќи Го Христа, како Негов ученик облечен во порфирна благодат, ја просветли евангелски Пермската земја, во која јазикот на народот го одврза за Бога да Го прославува и смирена благодарност да принесува, о Стефане, круно истоименита на Небесниот Цар. Постојано те молиме, оче свети: не престанувај да се молиш за нашето спасение.