Пролог: Преподобен Павле Ксиропотамски
 

 

Житие: Преподобен Павле Ксиропотамски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Син на царот Михаил Куропалат. Со блескаво образование, со ретка мудрост и кротост, во неговите момчешки години Прокопиј (така се викаше најпрво) беше предмет на восхит во сиот Цариград. Во една повелба царот Роман Постариот го нарекува „најголемиот од сите философи“. Но од страв да не му се погордее душата па од човечката слава да му пропадне, ова прекрасно момче еден ден се облече во просјачки крпи и отиде на Света Гора, каде што од светителот Козма го прими монашкиот чин. По долги осаменички подвизи го обнови Ксиропотамскиот манастир, а малку потоа изгради и нов манастир, Свето-Павловскиот, во кој потоа и се упокои. Кога се осветуваше тој манастир, царот Роман испрати на дар голем дел од Чесниот Крст, којшто до денес се чува таму. За овој светител се вели дека го проповедал Евангелието во Македонија и во Србија. Многубројни маки претрпе од свирепиот цар Лав Ерменин иконоборец. Се упокои во 820 година. Пред смртта Свети Павле им рече на браќата: „Еве го часот којшто мојата душа го сакаше и од кој моето тело се плашеше“.

Тропар
Радост на преподобните, слава на исповедниците, о Павле пастиру наш пустински, на кого надеж му беше Отецот, прибежиште Синот, а покров Духот Свети, Троица Единосуштна и Неразделна, моли се за нас, свет подвижнику, кој со солзи н? научи да се молиме, и суетата на светот да ја надминеме.