Пролог: Свети Илија, патријарх Ерусалимски и Свети Флавијан, патријарх Антиохиски
 

 

Житие: Свети Илија, патријарх Ерусалимски и Свети Флавијан, патријарх Антиохиски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Големи ревнители за верата и бранители на Православието. Обајцата умреа во прогонство каде што ги протера царот Анастасиј. Точно ја предвидоа смртта на овој цар и својата. Истовремено си пишуваа еден на друг од оддалечени места: „Царот Анастасиј денес умре, да појдеме и ние со него пред Судот Божји “. И по два дена и двајцата светители се упокоија, во 518 година.

Тропар
Ревнители на Православието, Божји пастири несоборливи, кои заради Христа исповедничко мачеништво одбраа, верата ја сочуваа, души на многумина Господ преку нив избави. Денес ве чествуваме и славословие принесуваме, о Илие и Флавијане, Божји угодници.