Пролог: Света Маријамна (Марија)
 

 

Житие: Света Маријамна (Марија)

Календар, житија, пости
Почеток
 
Сестра му на Светиот апостол Филип. Патуваше со својот брат и заедно го проповедаа Евангелието во Ерапол и по други места. После маченичката смрт на Филип Маријамна ја продолжи својата мисионерска работа во Ликаонија, каде што и се упокои.

Тропар
Од мирот Христов срцето твое мека земја стана за Неговите проповеди, блажена Маријамно, пролетта Господова со тебе се движеше, утешувајќи, поучувајќи, крштевајќи и кон спасение приведувајќи. Радувај се, сега, мајко наша блажена, и за нас моли се во нетленото Царство Небесно.