Пролог: Светиот маченик Атанасиј
 

 

Житие: Светиот маченик Атанасиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој Христов маченик беше прост и сиромашен човек, но богат со вера и мудар во Божјиот Дух. Еднаш не сакајќи стапи во препирка за верата со некој Турчин. Турчинот беше школуван и вешт на збор, но Атанасиј се трудеше со сите сили да ја истакне и утврди вистинитоста и предноста на христијанската вера пред мухамеданската. После се разделија. Следниот ден Атанасиј го повикаа на суд. Оној Турчин стоеше пред него како обвинител. Кога судијата го повика Атанасиј да се одрече од Христовата вера и да се потурчи, како што божем и му изјавил на својот сопатник ден порано, Атанасиј возвикна: „Попрво ќе примам илјада смрти одошто да се одречам од Христовата вера !“ За ова беше осуден на смрт и обезглавен во 1700 година во Смирна. Телото му е погребано во црквата на Света Параскева во истиот град.