Пролог: Преподобните маченици Епиктет и Астион
 

 

Житие: Преподобните маченици Епиктет и Астион

Календар, житија, пости
Почеток
 
Астион, единец на неговите родители, кон верата Христова го приклони свештеникот Епиктет и го замонаши. Потоа се отселија некаде во источните краеви во скитски предели и се населија во скитскиот град Алмирид (денешен Рамзин), кај утоката на Дунав во Црното Море. Мачени и убиени со меч заради верата Христова околу 290 година. Обајцата по смртта во голема светлина им се јавија на Астионовите родители, Александар и Маркелина, кои поверуваа во Христа и се крстија од епископот Евангел, којшто и самиот потоа беше убиен за Христа. „Евангел, сличен на ангел“, како што е воспеан.

Тропар
Радост наша сте, свети Христови маченици, Епиктете и Астионе, од чии имиња залиени со благодат, треперат демоните. Имајќи Го Христа на усните, Господ стана господар на срцата ваши, од кои молитви за спасение кон небесата се подигнати. Молете се за нас, свети подвижници, до крај да истрпиме од Неговата благодат закрилени.